Како да поставите прашање

>> Албански

Тикет систем

Испратете прашање во писмена форма преку тикет-системот,

а известување за статусот на вашето прашање ќе биде пратено на вашата e-mail адреса

Кликнете на иконата што ќе ве однесе на тикет-системот. Внесете клучен збор во полето „Пребарај помош“ за да видите дали веќе има нешто напишано во врска со вашето прашање.

Ако не пронајдовте ништо и сè уште сакате да поднесете тикет, кликнете на „Поднеси тикет“ и ќе се појави образец за пополнување. (Ако до сега не сте се регистрирале нема да можете да поднесете тикет). Откога ќе ги пополните полињата (полињата со ѕвездичка се задолжителни), го внесувате безбедносниот број што ви се прикажува и го поднесувате тикетот.

Доколку сте испуштиле нешто од задолжителните полиња, или не сте го пополниле безбедносниот број или пак не сте регистрирани до сега, ќе се појави соодветна порака.

Кога сè ќе биде во ред и тикетот ќе се поднесе, ќе се појави порака со соодветен текст и единствен код за тикетот со кој што ќе може да го следите неговиот статус.

Исто така, на вашата e-mail адреса ќе пристигне порака со соодветен текст и врска до тикетот. Кликнувањето на оваа врска, директно ве носи на вашиот тикет.

Прашањето ќе биде одговорено во најкус можен рок, а неговиот статус го следите со кодот што го добивате.

На едно прашање (тикет) може да возвраќате и повеќе пати. (Ако првичниот одговор не е доволно јасен или сакате да го дообјасните прашањето што сте го поставиле).

Прашање по телефон

За да поставите прашање по телефон,
јавете се на

Телефон за Техничка поддршка

Центарот за техничка поддршка работи со оператор од
Понеделник до Петок од 08.00 до 16.00 часот.
Надвор од тоа време може да оставите говорна порака во траење од 1 мин.

Во пораката, после звучниот сигнал, за време од 1 мин. треба да ги оставите вашето име, тел. број и прашањето.

Прашања и одговори

Соработувајте меѓу себе преку сервисот за соработка ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ е колаборативен сервис преку којшто членовите меѓу себе си одговараат на поставените прашања. Прашањата се од области поврзани со оперативниот систем ЕДУБУНТУ, што се користи во основните училишта. Ако сакате да поставите прашање треба да се најавите преку OpenID, отворен систем за автентикација.

Регистрација и Најавување во Тикет системот

Што е регистрација а што е најавување
Се регистрирате (зачленувате) еднаш и потоа постојано се најавувате со корисничкото име и лозинката. Запаметете си ги своите корисничко име и лозинка.

Како се регистрирам
Пополнете ги задолжителните полиња (обоени жолто,) во образецот за регистрирање и поднесете го. Системот за регистрација ќе ви врати порака за успешно регистрирање и ќе ви биде испратена е-порака на email адреса што сте ја напишале во образецот. Во таа е-порака ќе ги пишува корисничкото име и лозинката.

При пишување на тикет
При пишување на тикет задолжително ставајте ја онаа email адреса која што сте ја напишале во образецот за регистрирање, затоа што по нејзе системот ве препознава и на таа e-mail адреса добивате одговор.